
Соопштение
Се ивестуваат сите заинтересирани дека на 09.август 2008 год. Започнува голем турнир во мал фудбал во Центар Жупа.
Пријавувањето на екипите ќе биде најкасно до 08.август до 17.00 ч, при што во 20.00 ч.ќе се изврши ждрепки за распределба на екипите по групи и временски ќе бидат распределени паровите.
Право на пријавување на екипа имаат сите физички и правни лица кои ќе формираат екипа од вкупно 10 десет играчи, ќе го потполнат списокот на играчи уредно и за секој играч ќе треба да приложат фотокоппије од личен документ. Заедно со списокот ќе треба да го прифатат правилникот за играње и да уплатат 4.000,00 ден.кај организаторот најкасно 15 минути пред ждрепките.
Како услов за учество ќе се смета и поседување на горен дел на униформа заедничка за играчите, додека голманот може да има униформа различна од играчите.
НАЧИН НА ИГРАЊЕ.
Натпреварувањето ќе биде бод-систем, додека екипите ќе бидат распределени во две односно четири групи, при што најдобрите првопласирани две екипи од едната група играат со истите од другата група и тоа напречно ( А1-Б2, А2-Б1...)
Новина на овој турнир ќе бидат жолтите картони кои ќе се наплаќаат по 100 ден на екипа, освен казната од жолтиот картон, играчот ќе може да биде исклучен и со две минути исклучување кое и истото се наплаќа од по 200 ден за секое исклучување, додека црвениот картон на играч ќе му биде изречен за груб фаул или неспортско однесување кон играчите, судиите или публиката, со кој екипата ќе биде казнета 600,00 ден. И истиот играч не ќе може повеќе да настапи на истиот натпревар, за него ќе треба да биде извршена замена, што значи дека екипата го задржува истиот број на играчи.
Натпреварите ќе ги водат исклучиво проверени и квалитетни судии, во зависност од бројот на екипи, двајца или четворица судии во парови.( главен судија и помошник).
За првите три места се обезбедени наградиод организаторот и спонзорите, при што ќе бидат наградени и најдобриот играч, фер-плеј екипа и најдобриот голман. Турнирот го организира по традиција шампионот од предходната година, односно 1 ви МАЈ ПРОМЕТ, воедно за организацијата ќе бидат ангажирани менаџери кои ќе го водат турннирот од подготовките па се до финалето и церемонијата на доделувањето на наградите.
Со почит !
1 ВИ МАЈ ПРОМЕТ info: 070 325 156
ЦЕНТАР ЖУПА e-mail: turnir2008@gmail.com 070 573 977